Прилеп се подготвува за 61-часовниот полициски час преку викендот кој почнува денеска од 16 па ќе трае до 5 часот изутрината во понеделни.
Денешната навалица во маркетите и на градскиот пазар покажа дека граѓаните побрзаа да се снабдат со неопходните продукти за викендот. Пријавени се седум маркети од градот кои на повик ќе доставуваат продукти во домовите на граѓаните. Станува збор за маркетите: „Футура“ чиј повикувачки телефонски број е 075 395 408, маркетот „Стибера“ со број 076 741 572, „Ирнекс“ има број 075 308 683, маркетот „Тинекс“ е со број 071 275 684, маркетот „Бонита“ ќе одговори на бројот 070 353 609, „Џими Маркет“ на 076 790 772 и маркетот „Мега маркет Пата“ ќе излезе во пресрет на бројот 070 259 199. Работното време на маркетите е од 07:00 до 15:00 часот, доставата на нарачаните продукти маркетите ја вршат со сопствен превоз.
Во Прилеп, 24 часовно работно време ќе има аптеката „Каракаш 2“ со телефонскиот број 072 573 175.
На располагање на прилепчани е и волонтерстата служба која има три тима од по три лица и 24 часа ќе биде на располагање на граѓаните во текот на викендот, за доставување на лекови. Граѓаните ќе може да се јавуваат на броевите: 048 401 700 и 0800 00 210. ем/фф/