Утрински Весник
Македонија

Тринаесетгодишно момче од Скопје креираше веб-сајт за математички задачи

Тринаесетгодишно момче од Скопје креираше веб-сајт за математички задачи

Во услови на корона кризата, со цел да им помогне на децата, a и на родителите, тринаесетгодишниот Влатко Стојкоски од Скопје креираше веб-сајт кој генерира основни математички задачи. Во моментов, достапни се онлајн задачи со собирање, одземање, множење и делење.

Како што пишува на неговата веб страница, ова ќе им овозможи на децата да учат математика, а нивните родители да не мора да им ги задаваат задачите. Така што ќе може да се посветат на работата од дома.

На страницата пишува дека Стојкоски го обожава креативниот процес, кој може да даде бесконечни можности.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври