Утрински Весник
Технологија

Камерата на Хуавеи Мејт 40 може да има иновативна оптика

Хуавеи може да користи 5Г модеми од Самсунг

Пекинг, 10 април 2020 (/) – До крајот на годината, Хуавеи треба да лансира нови паметни телефони во серијата Мејт и почнуваат да се појавуваат информации за очекуваните модели. Новата група детали доаѓа од аналитичарот на пазарот Минг-Чи Куо, кој е познат по неговите врски со производителите на компоненти и неговите точни предвидувања.

Според него, во своите идни предводници кинеската компанија ќе се обложува на т.н. „фриформ“ леќи, што ќе овозможат пошироко видно поле со намалена дисторзија. Според „ДајнаОптикс“, овие елементи имаат и други предности, како што се помали димензии, а при комбинирање на неколку основни оптички параметри можат да се манипулираат.

Во Мејт 40, ќе видиме и нов чипсет кој ќе го наследи сегашниот Кирин 990. Минг-Чи Куо споделува дека станува збор за Кирин 1020 со кодно име „Балтимор“, кој ќе биде направен со користење на 5-нм процес од страна на компанијата „ТСМЦ“. Во чипсетот се очекува да користат јадра Кортекс-A77 или A78 и да испорачуваат до 50 отсто раст во продуктивноста во однос на Кирин 990

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META