Утрински Весник
Економија

Новартис донира 100 илјади долари на Институтот за јавно здравје

Новартис донира 100 илјади долари на Институтот за јавно здравје

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Фармацевтската групација Новартис во Република Северна Македонија (Претставништво на Новартис Фарма и Лек Скопје член на компанијата Сандоз) донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот COVID-19, кој доби пандемски размери.

-Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, со што ќе се обезбеди побрзо и полесно надминување на најголемата здравствена криза во нашата земја, сто во соопштението за медиуми што во име на компанијата го пренесува пр агенција.

Глобалната швајцарска компанија Новартис, од која е дел и Лек (Сандоз), пред неколку дена објави дека ќе донира 20 милиони американски долари за земјите најпогодени од епидемијата на коронавирус. Новартис е силно посветен во глобалната битка против COVID-19 и насочен кон поддршка на глобалните здравствени системи.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нацевска на конфереција во Црна Гора: СЕПА – двигател на конвергенцијата со ЕУ

Младите ќе можат да добијат 10 илјади евра за отворање бизнис – Дурмши го претстави во Тетово оперативниот план на владата

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?