Утрински Весник
Македонија

Дваесет лица од истокот не го почитувале полицискиот час

Втор викенд со забрана за движење од 16 часот

Штип, 10 април 2020 (МИА) – Во општините од источниот регион полицискиот час кој од вчера почна од 16 часот не го почитувале вкупно 20 граѓани. СВР-Штип преку соопштение информира дека десет лица се приведени од кои едно малолетно лице и едно над 67 години. Поднесени се осум кривични пријави по чл.206 од КЗКонтролирани се вкупно 152 објектиВо државен карантин спроведени се две лица.

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на шест лица им се издадени решенија за изолација, а 15 потпишале изјави за самоизолација.

Во билтенот на СВР-Штип се нотира дека полицискиот час не го почитувал и 37-годишен жител на штипското село Стар Карорман, кој направил и сообраќајна несреќа со возило на полицијата.

-Синоќа во 20.42 часот на крстосницата од ул. „Стево Теодосиевски“, „Димитар Влахов“ и „Страшо Пинџур“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Н. (37) од с. Стар Караорман, штипско, и полициско  возило „шкода јети“, управувано од полициски службеник. Во незгодата  со телесни повреди се здобил возачот на полициското возило. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Кочани, инспектор од Секторот за внатрешна контрола професинални стандарди од МВР и Јавен обвинител, се наведува во сооопштението на СВР-Штип. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност