Утрински Весник
Македонија

Битолското обвинителство поведе постапки против десет лица за непочитување на полицискиот час

Изминатото деноноќие 35 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Битолското обвинителство поднесе постапки против десет лица кои не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, донесена како мерка за сузбивање и спречување на коронавирусот.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Битола пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

– Заради стореното кривично дело, Основното јавно обвинителство Битола побара од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им определи парична казна во износ од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението на Обвинителството.​​ бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манасиевски: Поради ниските рејтинзи СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик

Николоски: Следната година првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, работиме и на железничко поврзување на Скопје со Албанија

Вечерва свечено отворање на „Преку езерото”