Утрински Весник
Магазин

Босанци уапсени поради печење јагне на жар во полициски час

Босанци уапсени поради печење јагне на жар во полициски час

Босанска Градишка, 10 април 2020 (/) – Полицијата во Босна и Херцеговина вчера уапси 11-мина поради непочитување на забраната за движење во полициски час. Осомничените се затечени во Босанска Градишка.

Имено, лицата непочитувајќи го ни избегнувањето собири, ниту пропишаното физичко растојание, печеле јагне на жар.

Највозрасниот меѓу нив има 65 години – нему му е во целост забрането напуштање на домот. Другите се обвинети за излегување од дома во периодот од 20:00 до 5:00 часот.

Полицијата притоа повторно ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата на полицискиот час.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уран во Близнаци носи револуции и рушење на системите вели Јанковска

Рецепт на денот: Плескавици од тиквички

Доаѓа дигитална ера – Пари, образование и медиуми се селат целосно онлајн вели Јанковска