Утрински Весник
Македонија

Независниот синдикат на затворската полиција и админстрација ги повлекува активностите за јавен револт, усвоено нивното барање

Независниот синдикат на затворската полиција и админстрација ги повлекува активностите за јавен револт, усвоено нивното барање

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Независниот синдикат на затворската полиција и администрација на Македонија денеска преку соопштение информира оти ги повлекуваат сите активности за искажување јавен револт и несоглсување со донесени одлуки, откако Главниот кризен координативен штаб го усвоил нивното барање со кое е извршено дополнување на Уредбата.
– Со Одлука на Влада на ден 07.04.2020 година донесена е Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените ви јавниот сектор за  време на вонредна состојба при што припадниците на затворска полиција се пропуштени, а со тоа би им се намалила севкупната плата речиси за 50 отсто. Од страна на Независниот синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија навремено е реагирано и е поднесено Барање за измена и дополнување на уредбата. Главниот кризен координативен штаб го усвои нашето Барање со кое е извршено дополнување на горенаведената Уредба. Независниот синдикат укажа со Барање дека треба да се изврши нов режим на работа во смени со цел превенција од Ковид-19 вирусот и препораките од Влада, Министерство за здравство и кризниот штаб, се вели во соопштението.
Независниот синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија, велат оттаму, како репрезентативен синдикат на вработените во затворскиот систем и понатаму ќе се грижи за членовите на синдикатот и навремено ќе реагира. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”