Утрински Весник
Спорт

Лабадија го замени Клинсман на чело на Херта

Лабадија го замени Клинсман на чело на Херта

Берлин, 9 април 2020 (МИА) – Бруно Лабадија го наследи Јирген Клинсман за нов тренер на германскиот клуб Херта, соопшти прес-службата на клубот.

– Бруно има силно познавање на Бундеслигата во своите многу години како играч и тренер и докажа дека може да ги стабилизира тимовите и да ги искачи во пласманот“, рече спортскиот директор Мајкл Прец.

За назначувањето на Лабадија пишуваа весникот „Билд“ и магазинот „Кикер“, кои претходно објавија дека 52-годишниот Лабадија ќе потпише договор до 2022 година и ќе ги започне подготовките со тимот доколку Бундеслигата се обнови следниот месец, откако е суспендирана на 13 март поради пандемија на коронавирус.

Како и повеќето клубови во шампионатот, Херта продолжи со тренинзите оваа недела за прв пат откако беше прекината кампањата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење