Утрински Весник
Спорт

Тони Крос „смени плоча“ откако стана јасно дека Реал ќе ги намали платите

Крос: Зидан се врати кога сè беше изгубено
Img 5587

Мадрид, 9 април 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос се оправда на својот личен профил на Твитер. Пред неколку часа, играчот од средниот ред се изрази против евентуалното намалување на платите во Кралскиот клуб, но сега тврди дека неговите зборови не биле разбрани.

– Можеби не е точно преведено или некои можеби не сакаат да го разберат. Од самиот почеток, како што ме познавате, моето мислење е ова – ако можеме да помогнеме на вработените во клубот, мислам дека е логично да се откажеме од дел од платата – нешто што беше докажано денес, напиша Крос.

300x250 (7)

Потсетуваме дека пред неколку часа зборовите на Германецот беа дека „намалувањето на платите е како подарок“ и дека е „да се плати целосна плата за сите да прават разумни работи“. Ова е дел од изјавата на Тони Крос дека е против намалување на платите.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

(Видео) Ристовски и Адеми спектакуларно пречекани пред „Максимир“ по триумфот во Риека

Почина селекторот кој во 1978 година ја предводеше Аргентина до првата титула светски првак

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија