Утрински Весник
Македонија

Здружението „Гицко“ му донираше 10.000 заштитни маски на Министерството за здравство

Здружението „Гицко“ му донираше 10.000 заштитни маски на Министерството за здравство

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Здружението на производители на свињи и свинско месо „Гицко“ му донираше 10.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на Министерството за здравство.

Маските се набавени од текстилната фабрика „ЕАМ“ – Штип, а се испорачани директно во Министерството за здравство во Скопје.

– Сакаме да придонесеме во борбата против коронавирусот и неговото ширење. Посебно ја цениме ангажираноста и пожртвуваноста на медицинскиот кадар кој го ризикува сопствениот живот за да спаси туѓ и сакаме да искажеме голема благодарност, истакнува престедателот на „Гицко“, Ефтим Шаклев. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја

Автопатот Кичево–Охрид ќе чини 13,5 милиони евра по километар вели Николоски

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА  „ВРЕМЕ НА ПРЕКРШУВАЊА – ВРЕМЕ НА ГОЛИ ОТОК“