Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 97 лица не ја почитувале забраната за движење, односно приведени се 62 лица, информираат од МВР.

Исто така, според статистичките податоци, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката . оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И денеска топло време температури до 37 степени

Утрово нема задржувања на граничните премини

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово