Утрински Весник
Сцена

„Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот

„Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот

Даблин, 9 април 2020 (/) – Ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ дари 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема.

Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ.

Ирскиот премиер Лео Варадкар им се заблагодари на рокерите. – „Иако владата нарача количина опрема што во нормално време би била доволна за 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на Твитер.

„Ју-ту“ со години се дел од многу национални, но и светски општествено-политички проекти.

Во Ирска досега околу 6.000 луѓе се заразени со коронавирус, а 235-мина починале.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка