Утрински Весник
Технологија

„Фејсбук“ лансира апликација за комуникација помеѓу парови

„Фејсбук“ лансира апликација за комуникација помеѓу парови

Сан Франциско, 8 април 2020 (/) – Пред одреден период „Фејсбук“ објави функционалност за запознавање, а сега компанијата тестира ново решение за комуникација помеѓу двојки. „Тјунд“ (Tuned) ќе ги охрабрува да создадат своја интимна социјална мрежа едни со други.

Преку специјалната апликација, која во моментов е достапна само за ајОС, тие ќе можат да ги споделат своите расположенија, музика, фотографии, говорни пораки, како и да создадат дигитални албуми.

Апликацијата може да се поврзе со „Спотифај“ а има достап и до разни налепници и реакции. Засега, услугата е бесплатна и не е потребна сметка за „Фејсбук“, но корисниците подлежат на политики за чување и користење на податоци од страна на компанијата. Ние допрва ќе видиме дали Фејсбук активно ќе ја промовира „Тјунд“ и дали апликацијата ќе се појави и на „Гугл Плеј“.

Платформата е дело на Тимот за експериментирање на нови производи (НПЕ), кој беше формиран минатата година. Меѓу неговите услуги е и апликација слична на „Пинтерест“ и апликација за создавање меме. Сепак, тие никогаш не беа наметнати од Фејсбук.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META