Утрински Весник
Сцена

Том Брејди со шокантни откритија за својот брак со Жизел

Том Брејди со шокантни откритија за својот брак со Жизел

Њу Ингланд, 8 април 2020 (/) – Том Брејди откри дека тој и неговата сопруга, Жизел Бундшен, имале проблеми во нивната врска при крајот на неговата кариера во тимот на Њу Ингланд Петриотс и затоа решил да ја смени средината.

Најуспешниот играч во историјата на НФЛ се појави на шоуто Хауард Стерн и фрли „бомба“ со веста што ја чувал во тајност долго време.

Тој сподели дека Жизел не била задоволна од нивниот брак и не е задоволна од тоа колку внимание посветувал на фудбалот и деловните зделки, додека таа е оставена да се грижи за децата.

– Таа не ја чуствуваше мојата улога во семејството. Имаше чувство дека ќе играм фудбал цела сезона и таа ќе се грижи за куќата и одеднаш кога ќе заврши сезоната ќе речам: „Одлично, ајде да продолжиме со сите други деловни активности“. А таа ме прашува: „Па, кога ќе правиш работи за куќата?“ Кога ќе ги однесеш децата на училиште и ќе го сториш тоа и тоа?“ И тоа беше голем дел од нашиот брак. Таа ќе речеше: „Имам и јас цели и соништа“.

Тензиите продолжиле да се зголемуваат бидејќи сè достигнало до точка, каде Жизел напиша писмо во кое објаснува што смета дека недостасува во нивната врска и тие завршиле на терапија.

Тој сподели дека го чувал близу него за да се потсети на некои работи,

Сепак, нивната врска е веќе добра. Том и Жизел ја прославија својата 11-годишнина од свадбата во февруари.

Двојката се венча во Санта Моника, Калифорнија, на 26 февруари 2009 година, а втората церемонија ја направија во Костарика, откако започнаа да се дружат во 2006 година.

Имаат две деца – Бенџамин и Вивијан.

Квотербекот има и 12-годишен син со актерката Бриџит Мојнахан.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка