Утрински Весник
Економија

Влада: Секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата

Владата ќе одржи седница

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Од Владата соопштуваат дека е неблагодарно да се шпекулира со бројки за отпуштени работници како последица на кризата од КОВИД-19, бидејќи, како што потенцираатм, секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата.

-Во Агенцијата за вработување секојдневно се случуваат одјави и пријави, но тие не може да ни го дадат точниот одговор, бидејќи некој кој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не губење на работа, се наведува во соопштението за одлуките од денешната владина седница.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ММФ предупредува: Растот на цените на енергенсите може да доведе до нов бран инфлација и да го забави економскиот раст во земјава

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија