Скопје, 8 април 2020 (/) – Славеничкиот концерт на култната група „Електрични оргазам“, што беше најавен за 26 март во Младинскиот културен центар во Скопје, е презакажан и ќе се одржи на 26 јуни на Стадионот на АРМ, соопшти денеска организаторот на настанот „Авалон Продукција“.
– Мартовските концерти коишто моравме да ги одложиме поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните „Електрични Оргазам“ ќе има и нова локација. Ве информираме дека се одлучивме да го направиме на отворено и тоа на 24 јуни на Стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот „Скопје Гори“ на кој ќе настапат легендарните „Пласибо“.
Организаторите информираат дека „Електрични Оргазам“ ќе настапат на голема бина и со уште поголема продукција, „со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд“.
Набавените влезници за откажаниот настан за 26 март, ќе важат и за концертот на 24 јуни.
– Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето, наведува „ Авалон Продукција“ во соопштението. сп/