Утрински Весник
Македонија

Продолжен притворот за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

Продолжен притворот за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

Штип, 8 април 2020 (МИА) – Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон.

Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева за МИА изајви дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.

Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски рече дека вчера го доставил обвинителниот предлог за продолжување на мерката притвор се до донесувањето на пресуда од страна на Судот. Двајцата насилниците се обвинети за сторено кривично дело „насилство“, а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.

Видео материјалот беше објавен на социјалните мрежи на 2 април, кој молскавично се ширеше, а јавноста најостро го осуди настанот. Со жртвата работат тимови на Центарот за социјални работи и НВО „ЕХО“-Штип. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче доби опомена пред тужба – Ќурчиев тврди дека покажал документ со невистинити податоци што претставува фалсификат

Левица: Владата должи целосна отчетност за 5,5 милионите евра потрошени за прославата на независноста

Зајкова од Софија: Ако навистина ја сакате Македонија во ЕУ, покажете го тоа со дела – испорачајте мерлива поддршка