Утрински Весник
Македонија

Бектеши, Манчевски и Петровска на онлајн информативна видеосесија за полицискиот час

Бектеши, Манчевски и Петровска на онлајн информативна видеосесија за полицискиот час

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија, попладне во 18:00 часот, преку онлајн стрим на видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори за полицискиот час“,  ќе ги информира граѓаните и медиумите за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска.
Како што информираат од владината прес-служба, на видеосесијата ќе говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Видеосесијата ќе се емитува на јутјуб каналот на Владата, како и на фејсбук страниците https://www.facebook.com/koronavirus.gov.mk и https://www.facebook.com/VladaMK. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата