Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Вчера во 13.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Долно Лисиче, го лишиле од слобода О.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:20 часот на бул.„Александар Македонски“, при извршен преглед кај А.Б.(25) од с.Арачиново, скопско, пронашле пиштол „екол фират магнум“ 9 мм, со една рамка. Тој бил приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 14.48 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, пред крстосницата за с.Лисолај, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(43) од Битола и патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(55) од с.Лесково, Демир Хисар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката од истото возило К.С.(36) од Демир Хисар, а возачот С.Ј. се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Во Полициската станица Центар вчера во 10:40 часот К.Г.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Наум Охридски“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.
Вчера во 22.40 часот од полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Димитрија Чуповски“, поради основано сомнение за сторен прекршок од Законот за странци, во врска со нелегален престој, во Полициската станица Центар бил приведен А.К.(45) од Косово. Тој бил задржан за понатамошна постапка.
Во Полициската станица Центар вчера во 15:25 часот С.С.(23) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога. аа/