Утрински Весник
Економија

Донација од Asseco SEE Macedonia за Владата за помош во справување со корона кризата

Донација од Asseco SEE Macedonia за Владата за помош во справување со корона кризата

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Како општествено одговорна компанија, а со цел да се помогне на државата во справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, AssecoSEEMK успешно го имплементираше својот продукт „Asseco Live“, во контакт центарот на Влада на Република Северна Македонија.

Борбата со Ковид -19 претставува обврска на сите граѓани и деловни субјекти во нашата држава. Затоа, како што се наведува во соопштението, Комората за информатички технологии МАСИТ е особено горда на донацијата на Ассеко СЕЕ како и на останатите свои членки кои придонесоа со своите ресурси и активности со цел поддршка и заштита на своите вработени, клиенти и државата, целокупното колективно здравје и оние кои придонесоа кон солидаризирање и помош на најзагрозените индустрии.

Владиниот Контакт центар е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од Ковид-19. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија