Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци

Кавадарци, 8 април 2020 (МИА) – Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста „Маренски уши“.

– Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Одзади патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач за МИА.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди сообраќајката. За МИА рече дека не може да каже повеќе детали, оти во тек е увидот на лице место. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична за тетовец, земал 2.500 евра капар, а не завршил работа

Директорот на Царина и претседателот на Врховниот суд потпишаа Договор за електронска размена на податоци

Поранешен студент оставил писмени закани за деканот и професорите на тетовскиот универзитет