Утрински Весник
Македонија

Интензитетот на сообраќај умерен

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Страцин-Крива Паланка

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб. мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

„Џез-вечери” од 13 до 16 август на „Охридско лето”

Шестмина повредени во судир на четири возила на Козјак