Утрински Весник
Македонија

Фирма од Гостивар започна со производство на „хигиенски тунели“ за влезовите во маркети, здравствени установи и колективни згради

Фирма од Гостивар започна со производство на „хигиенски тунели“ за влезовите во маркети, здравствени установи и колективни згради

Гостивар, 7 април 2020 (МИА) – Фирма од Гостивар започна со пробно производство на „хигиненски тунели“ (sanitary gate) во кои би се спроведувала дезинфекција при влез во објекти во кои има поголема посетеност. Првиот тунел, компанијата го донираше на општина Гостивар и денеска го постави пред влезот на зградата.

Идејата за производство на ваква инсталација во фримата „Универзал“ од Гостивар која се занимава со произвдоство на опрема за угостителство и браварија ја добиле од италијанските примери.

– Вакви тунели сме виделе дека се поставуваат низ повеќе развиени земји нивната борба против пандемијата „Ковид 19“. По разработката на содржината, ние направивме еден прототип. Пред да се влезе во објектот се поминува низ зона во која соодветен диспанзер распрскува препарат и на тој начин ја дезинфицира облеката, вели Ерзен Несими, проектант во „Универзал“.

Од локалната самоуправа искажаа благодарност за донацијата и како што напоменаа, таа е добредојдена како дополнителна мерка и значително ќе помогне во справувањето со пандемијата, во време кога општината прима граѓани и ги реализира нивните барања.

Од компанијата „Универазл“ искажаа подоготвеност да излезат во пресрет на барањата на големите маркети, здравствени установи, институции во кои има зголемен проток на луѓе, и доколку има заинтересни, можат да се јават и да нарачаат инсталирање на ваква опрема. згм/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво

Левица: ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори