Утрински Весник
Македонија

ОЈО Берово предлага условна казна за две лица за непочитување на полицискиот час

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција: истрагата за случајот „рекет“ се уште не е проширена

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Против две лица Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, непочитувајќи ја одлуката за забрана и посебен режим за движење, на 5 април, за време на полицискиот час, биле затекнати како со автомобил се движат по регионалниот пат од Струмица кон Берово. Запрени биле од полициски службеници во атарот на селото Ратево, кај местото викано Три Реки.

– Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Берово на секој од обвинетите да му изрече алтернативна мерка условна осуда со која ќе им биде утврдена казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши ако обвинетите во рок од една година не сторат ново кривично дело​, се вели во соопштението. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”