Утрински Весник
Спорт

Герет Саутгејт и Фил Невил со 30 отсто помали плати

Герет Саутгејт и Фил Невил со 30 отсто помали плати

Лондон, 6 април 2020 (МИА) – Селекторите на машката и на женската фудбалска репрезентација на Англија, Герет Саутгејт и Фил Невил ќе добијат помали плати за 30 отсто.
Саутгејт, кој со Гордиот Албион играше во полуфинале на Светското првенство во Русија, има годишен договор на три милиони фунти, додека Невил, како предводник на фудбалерките, заработува 300.000 фунти годишно.
„Ова се сериозни времиња и не беше лесно да се донесат вакви одлуки“, рече Марк Булингам, извршен директор на Фудбалската Асоцијација (ФА).
Од ФА истакнаа дека сите вработени кои имаат годишна плата до 50.000 фунти ќе имаат привремено кратење за 7,5 отсто, а оние кои се наоѓаат во повисока категорија ќе земаат за 15 отсто помали плати.
Булингам притоа додаде дека загубите на ФА се проценуваат на околу 100 милиони фунти во кои влегуваат „минуси“ за одложените меѓународни натпревари на репрезентациите, како и одложените настани на „Вембли“. сѓд /сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига