Утрински Весник
Спорт

Платите на сите играчи во Серија А намалени за една третина

Платите на сите играчи во Серија А намалени за една третина

Рим, 6 април 2020 (МИА) – Калчолигашите донесоа едногласна одлука за намалување на платите на сите фудбалери за една третина. Серија А е во прекин поради пандемијата на коронавирус, а клубовите бележат големи финансиски загуби, па ваквиот чекор беше неминовен.
Прв на таков потег се реши Јувентус, а сега и останатите екипи решија да ги следат стапките на шампионот. Мерката за намалување на платите на играчите ќе биде на сила се додека не продолжи првенството.
Во случај сезоната да продолжи, тогаш платите ќе бидат намалени за 15 отсто до крај на првенството.
Раководството на Серија А ја прифати препораката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и нема да прогласи прекин на сезоната, туку ќе почека да се создадат услови за првенството на продолжи. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот

Од кошмарот во Кардиф до четврти шешир: Македонија поразена 7-1 од Велс

Ракометарите на Вардар се вратија на првото место