Утрински Весник
Македонија

Потврдени 12 случаи на вработени во МВР позитивни на Ковид-19

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Во МВР до денеска потврдени се 12 случаи на вработени позитивни на Ковид -19, 36 лица се во самоизолација, а издадени се  и 14 наредби за изолација на лица, информираат од министерството.

– Изминатиов период беше извршена  и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај, информираат од МВР.

Оттаму соопштуваат дека, според протоколите предвидени за  вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за изолација и изјави за самоизолација.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека за заштита на вработените од коронавирусот се преземаат сите неопходни мерки за нивна лична заштита, со соодветна заштитна опрема, а со цел безбедно извршување на работните задачи. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта најаува изградба на Центар за протези за повредените од Кочани

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан

За пет години Македонци вложиле над 50 милиони евра во недвижности во Грција