Утрински Весник
Магазин

Саудиски свештеник за корона-кризата: Жената има право да одбие секс, ако мажот е невнимателен

Саудиски свештеник за корона-кризата: Жената има право да одбие секс, ако мажот е невнимателен

Доха, 6 април 2020 (/) – Исламскиот свештеник од Саудиска Арабија, шеикот Абдула Ахмед ал Мутлак, им дозволи на верничките да го одбијат својот сопруг за секс, ако тој не се придржува на мерките за внимателност поради корона-пандемијата.

– Вие воопшто не сте грешница… Само се штитите себеси, појасни шеикот, одговарајќи на прашање на гледачка во верската ТВ-емисија „Фетва”, на државната телевизија.

Жената притоа рече дека нејзиниот сопруг и периодов постојано е излезен и не се придржува до пропишаните ограничувања поради сегашната состојба и дека, во случај на полов однос, нејзе ѝ е страв од коронавирусот.

– Држете се подалеку од него. Ако сопругот е невнимателен, сопругата има право му го ускрати половиот однос, ѝ одговори Ал Мутлак.

Во Саудиска Арабија досега официјално се забележани вкупно 2.463 случаи на зараза со коронавирусот и 34 смртни случаи. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста