Утрински Весник
Македонија

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Дојранското Езеро 11 сантиметри под дозволениот максимален водостој

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – За два сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на останатите природни езера се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, само водостојот на Дојранското Езеро е повисок од просекот за април и тоа за 2,96 метри, а нивото на Охридското и Преспанското Езеро е пониско од повеќегодишниот просек за овој месец и тоа за два сантиметра кај Охридското и за 92 санитметра кај Преспанското Езеро.

На речиси сите реки во земјава нивото им е зголемено во однос на вчерашното, а најголемо зголемување има кај реката Црна. Сите реки, воедно, се приближуваат или го надминуваат просекот за април. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание