Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Повик до кочанчани сами да соопштат дека се позитивни на корона вирусот

Повик до кочанчани сами да соопштат дека се позитивни на корона вирусот
300x250 opst2

Институциите немаат право да објавуваат лични податоци и се должни да ги чуваат како приватни податоците од медицинската документација. Тоа е причината поради која институциите не смеат да ги соопштат имињата на заразените граѓани. Затоа пак, заболените можат сами тоа да го направат, со што ќе пројават висока свест во борбата против корона вирусот. Ова е повик од Кризниот штаб на Кочани, откако во само една недела бројот на заболени од Ковид – 19 во Кочани се искачи на 14.

„Заразените сами да го соопштат тоа јавно, за да знаат лицата кои дошле во контакт со нив, што да прават понатаму. Во тоа нема ништо срамно, напротив, е многу солидарно. Со тоа ќе се избегнат жигосувањата и шпекулациите. Со точни информации и соодветни мерки, заразата полесно се совладува“, се наведува во соопштението од кочанскиот Кризен штаб.

По рапидниот раст на бројот на заболени во Кочани, Кризниот штаб побара мерки по примерот на Куманово, односно целосно да се забрани движењето од понеделник до петок од 16 до 5 часот. Истовремено, од штабот побараа јавниот сектор во целата општина да го искористи остатокот од годишниот одмор за 2019 и првиот дел од 2020 година до 31 мај.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи