Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Емирот на Катар одлучи: Мбапе нема да го напушти ПСЖ претстојното лето

Реал планира да го донесе Мбапе во Мадрид следната година
300x250 opst2

Париз, 6 април 2020 (МИА) – Напаѓачот Килијан Мбапе нема да го напушти Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната. Оваа одлука е донесена лично од сопственикот на клубот, емир на Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани, објавија француските медиуми.

-Ќе има ветер, снег или дожд, но Мбапе ќе остане, таква е желбата на емирот, се зборовите на извор запознаен со ситуацијата.

Претходно беше објавено дека Реал претендира да се засили со Мбапе, но ПСЖ според изворот, нема ни да го разгледа предлогот на мадридскиот клуб.

Договорот на еден од најдобрите фудбалери на светото со ПСЖ е со важност до јуни 2022 година.

Од друга страна, францускиот шампион е подготвен да го ослободи Нејмар за 150 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг