Утрински Весник
Македонија

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово  

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Од 29 заболени од коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово, информираше Кризниот штаб при општината.

– Во општина Теарце има пет заболени, во општина Брвеница четири, во општина Боговиње два (од кои еден починат) во општина Желино еден и еден од Радовиш. кој е во карантин на Попова Шапка. Во следните две седмици се очекува да се зголеми бројот на заразени лица и да ја достигне кулминацијата на оваа пандемија во регионот. Клиничката болница во Тетово го потврди ставот дека тие се целосно подготвени со опрема и здравствени средства за да им служат на граѓаните во случај на поголемо ширење на вирусот во периодот кој следи, стои во соопштението на Кризниот штаб при СВР Тетово.

Од Кризниот штаб велат дека општинските служби и вработени при ЈКП Тетово и Територијалната единица противпожарна единица, постојано вршат миење и дезинфекција на улиците, јавни места и влезовите на местата за живеење. Дезинфекцијата се врши со континуиран и непрекинат начин, низ сите населби, улици и јавните места на територијата на општина Тетово. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР, стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата

Фетаи: Повратот и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот остануваат приоритет

ЗНМ одбележа 80 години постоење и ги додели годишните новинарски награди