Утрински Весник
Спорт

Капитенот на Милан опција за одбрана на Барселона

Капитенот на Милан опција за одбрана на Барселона

Милано, 5 април 2020 (МИА) – Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли е мета на Барселона, кои бараат засилување во срцето на својата одбрана, пренесува „Спорт“, повикувајќи се на италијански извори.

Според публикацијата, ваквиот трансфер ќе биде многу тежок поради високата цена на дефанзивецот, која е 50 милиони евра. Затоа, договор може да има само доколку Милан се согласи да вклучи играч на Барселона за да ја намали бараната сума. „Росонерите“ се заинтересирани за неколку фудбалери на тимот од Каталонија, како Рафиња и Иван Ракитиќ, кој сепак сака да се врати во Севиља.

Договорот на Ромањоли истекува во 2022 година, но Милан е во преговори со италијанскиот репрезентативец за да го обнови.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Ван Перси го презеде Херенвен