Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна помош за најранливите домаќинства во Општина Демир Хисар

Хуманитарна помош за најранливите домаќинства во Општина Демир Хисар

Демир Хисар, 5 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски во соработка со Центарот за социјални работи, ОО Црвен Крст и членови на Советот од таа општина, реализираа хуманитарна акција за помош на најранливи домаќинства во населените места во Демир Хисар.

Тимовите се мобилизираа, подготвија и доставија социјални пакети со храна, прехранбени производи, хигиенски средства, обезбедени од Општината, Центарот за социјални работи и ОО Црвен Крст на Демир Хисар.

Градоначалникот Стојановски, упати апел до сите да се однесуваат одговорно, да ги следат препораките и мерките на надлежните институции за заштита и спречување на ширење на коронавирусот, затоа што јавното здравје е колективна одговорност.

-Ги повикувам сите кои се во можност да донираат, да покажат хуманост и солидарност каде што е најпотребна, на оваа општествена ранлива категорија на луѓе. Наша обврска и задача е да ги помогнеме нашите сограѓани во овој тежок период, кога сите се соочуваме со пандемијата, посочи Стојановски.

Активностите за помош и поддршка на социјално загрозените семејства во Општина Демир Хисар, ќе продолжат и понатаму.мт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал