Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Лошото менаџирање со кризата граѓаните го плаќаат со здравје

ВМРО-ДПМНЕ: За две и пол години СДСМ ја уназади државата на сите полиња

Скопје, 4 април 2020

Македонија колабрира и на здравствен, на социјален и на економски план, а СДСМ се фали како Заев си танцува со пандемијата.

Лошото менаџирање со кризата, граѓаните го плаќаат со сопственото здравје.

Бројот на заболени и починати постојано расне и само луѓе без образ како Заев и неговите мегафони може во вакви трагични моменти да се фалат како блескаво танцуваат.

Кратење на трошоци не е кога во ек на пандемија, општина Ѓорче Петров на 19.03.2020 носи одлука за избор на најповолна понуда за набавка на угостителски услуги во проценета вредност од 500.000 денари без ДДВ.

Кратење на трошоци не е кога Владата на СДСМ во средата донесе скандалозна одлука вработувањата во државниот апарат да продолжат.

Кратење на трошоци не е кога Владата во ек на пандемија енормно троши. За само четири дена платени се 8 милиони денари од власта под ставка репрезентации, услуги во ресторани и патувања.

Дополнително кратење на трошоци не е кога не се штеди ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Владата има потрошени вкупно 5.955. 834 денари или 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници. Речиси 97.000 евра!

Сето ова укажува дека дупката во буџетот и лошите мерки се резултат на неработењето, корумпираноста и несериозноста на владата предводена од СДСМ.

Незаинтересираноста на владата предводена од СДСМ во врска со работниците кои во овие моменти се соочуваат со откази и без месечни примања докажува дека оваа влада се занимава само со тендерите и богатењето на своите соработници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт