Утрински Весник
Македонија

Поднесена кривична пријава против жител на Кичево поради непочитување на полицискиот час

Поднесена кривична пријава против жител на Кичево поради непочитување на полицискиот час

Кичево, 4 април 2020 (МИА) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Ј.(49) од Кичево, информира портпаролот на ОВР Кичево, Стефан Димоски.

Тој потенција дека посоченото лице на 2 април во 21:15 часот, кога на сила била мерката за ограничено движење, било затекнато на улицата „ Маршал Тито“ во Кичево и бидејќи не поседувал соодветна дозвола за движење во тоа време, бил приведени во полициска станица.

– Пријавениот не се придржувал до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 21 до 05 часот, заради спречување на ширење на коронавирусот, додаде Димоски. рф/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот