Утрински Весник
Македонија

Општински кризен штаб Куманово да определи маркети за обезбедување намирници за време на викендите

Општински кризен штаб Куманово да определи маркети за обезбедување намирници за време на викендите

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на Куманово да определи економски оператор/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Куманово во деновите сабота и недела, напиша денеска на фејсбук, премиерот Оливер Спасовски.

За оваа цел, како што посочува Спасовски, се задолжува Општинскиот кризен штаб на општина Куманово, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намириници до домовите на граѓаните.

-Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а кои живеат на подрачјето на Куманово, да завршат со работните задачи и активности и да бидат ослободени за враќање во своите домови во периодот од 14.30 до 15.00 часот, со цел пред почетокот на забраната за движење на подрачјето на Куманово, односно пред 16.00 часот да можат да бидат во своите домови, пишува Спасовски на фејсбук.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во новиот трговски центар во Битола

САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија добие стабилна влада