Утрински Весник
Спорт

Спалети опција за нов ментор на Милан

Спалети опција за нов ментор на Милан

Милано, 4 април 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Рома и Интер, Лучано Спалети може да го преземе Милан, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Раководството на клубот смета дека неговата номинација е приоритет откако пропаднаа разговорите со Ралф Рангник.

Според весникот, токму Спалети е тој што може да го замени Стефано Пиоли, кој ќе биде ослободен по крајот на сезоната.

За последен пат Спалети беше на чело на Интер, кој замина минатата година по две сезони во клубот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп