Утрински Весник
Македонија

Општинскиот кризен штаб Куманово со препорака аптеките да воведат дежурства, загрозените семејства да побараат асистенција

Општинскиот кризен штаб Куманово со препорака аптеките да воведат дежурства, загрозените семејства да побараат асистенција

Куманово, 4 април 2020 (МИА)Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната седница ги повика граѓаните да ги добиваат информациите од штабот, аптеките да воведат дежурства, а згрозените семејства да побараат асистенција за набавка на неопходни продукти.

-Апел до граѓаните при појава на какви било симптоми, кои можат да укажат на инфекција со коронавирусот веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар, стои во известувањето од штабот.
Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации.
Општинскиот штаб за заштита и спасување досега има информација дека дежурна аптека во градот е Провиталис (031 415 303). Штабот апелира и до другите аптеки во градот да воведат ваква услуга за дежурства и да ја почитуваат одлуката за Комисија за здравство и Владата, и за тоа да го известат штабот.     
Најзагрозени социјални случаи за асистенција при набавка на неопходни продукти, можат да се јавуваат на телефонските броеви 075 207 126 и 077 71 94 94. Согласно мерките на Владата и информацијата од МВР, земјоделците што имаат неодложни активности поврзани со производство во атарот на своите села, ќе можат да го обработуваат своето земјиште.    
Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и друго.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192 .
Бараме од Владата под итно да донесе мерка со која ќе овозможи работа на маркети и продавници кои ќе вршат телефонска и он лајн продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час, се вели во соопштението на штабот.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј