Утрински Весник
Македонија

Времено затворена епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Гостивар

Времено затворена епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Гостивар

Гостивар, 4 април 2020 (МИА) – Епидемиолошката служба и микриобиологија на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар од синоќа се затворени. Мерката засега е од привремен карактер откако вчера беше утврден позитивен тест на КОВИД 19 кај еден од вработените. Сите вработени, околу десетина, се упатени во домашна изолација.

МИА контактираше со дел од вработените кои потврдија дека во меѓувреме, им се земени брисеви за да се утврди нивниот статус и дали се носители на коронавирусот. Мерките кои треба да се спроведат ќе зависат од исходот на тестирањата и одлуките на здравствените власти.

Епидемиолозите во Гостивар изминативе денови извршија над 50 тестирања и спроведоа епидемиолошки анкети. Деновиве се очекува да биде отворен и пункт за тестирање. згм/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“