Утрински Весник
Економија

Почна откупот на дебарските јагниња

Почна откупот на дебарските јагниња
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 3 апрл 2020 (МИА) – Во Дебар денеска почна откупот на јагнињата. Изнесувањето од градот кој е под карантин, е преку штафетен утовар и истовар.

Според Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши“ кое ги опфаќа сточарите од Дебар и Центар Жупа, откуп вршеле две фирми, една од Скопје и една од Кавадарци.

-Денеска, на првиот ден од откупот, фирмите „Серта“ од Кавадарци презема над 1.500 јагниња, додека фирмата „Стокопромет“ од Скопоје преку 300. Очекуваме деновиве откупот на продолжи. Откупната цена по килограм жива мера изнесува 120 денари, што е за 20-25 денари помала споредено со лани, изјави Аме за МИА.

Додаде и дека поради фактот што сточарте одлучиле да остават за приплод поголем број од јагнињата, за откуп имало околу 10.000 грла од двете општини. За откуп остануваат уште околу 8.000 јагниња.

-Јагнињата од нашиот регион поради квалитетното месо ќе бидат испорачани на италијанскиот пазар, рече Аме и искажа голема благодарност до Владата и локалната власт на Дебар и Центар Жупа што овозможија откуп, а претходно го решија и проблемот со откупот на млекото.

Одлуката за откуп на дебарските јагниња ја донесе Владата на вчерашната седница. вт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра