Утрински Весник
Македонија

Со четири цистерни се дезинфицираат улиците низ Карпош

Со четири цистерни се дезинфицираат улиците низ Карпош
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Четири цистерни од денеска активно ќе работат на миење и дезинфекција на улиците и фреквентните локации низ Општина Карпош.

Како што соопштија денеска од општината, се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани.

-Покрај двете цистерни на општината, на терен мијат и дезинфицираат и цистерните на фирмите „Анизор“ и „Гранит“. Станува збор за една четири тонска и една седум тонска цистерна, кои се резултат на општествена одговорност на овие компании, информираат општинските власти.

Оттаму посочуваат дека во текот на денот се миеја и дезинфицираа улици и фреквентни локации во Карпош 3, Карпош 4, Бардовци, Злокуќани, Бардовци и Тафталиџе – кај пазарчето,

Локалната самоуправа, како што наведува во соопштението, ќе продолжи со секојдневните активности за унапредување на јавната хигиена и заштита на граѓаните од коронавирус и ги повикува сите граѓани да ги почитуваат препораките од ресорните институции, да избегнуваат собирање во големи групи и движење во затворени простории.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен