Утрински Весник
Економија

MOZZART со донација од 10.000 евра за Општата болница во Куманово

MOZZART со донација од 10.000 евра за Општата болница во Куманово

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Компанијата Mozzart денеска донираше средства во вредност од 10.000 евра во Општата болница во Куманово.

Ова донација е дел нивната хуманитарна акција во износ од 50.000 евра, кои ќе им ги донираат на болниците во нашата земја за справување со коронавирусот.

– Во име на целиот персонал сакам јавно да се заблагодарам на спортските обложувалници Mozzart кои пријатно не изненадија со нивниот хуман гест да и донираат на нашата болница парични средства во вредност од 10.000 евра. Овие средства ќе бидат искористени за набавка за опрема за лична заштита на нашите вработени кои се во директен контакт со заболените од COVID-19, односно се во директен фронт со овој невидлив непријател, како и за набавка за средства за дезинфекција! Ви благодариме од срце за донацијата која е од големо значење за борбата против вирусот COVID-19!“, вели директорката на Општата болница во Куманово, д-р Снежана Захариева.

Како поддршка за непречено функционирање на здравствениот систем во овие кризни моменти, од Мozzart истакнуваат дека предвидените средства наменети за македонските болници се распределуваат по приоритет, онаму каде што е најмногу потребно во првата борбена линија за справување со коронавирусот.

– Давајќи ја нашата несебична поддршка за непречено функционирање на нашиот здравствен систем во овие тешки и кризни моменти, вложуваме максимален напор во борбата со овој голем непријател. Се надеваме дека со оваа донација, ќе придонесеме во полесно справување со предизвикот кој ни претстои. Како и целиот свет и нашата земја не е одмината, а ваквите хуманитарни акции се од огромно значење. Како компанија која и досега е позната по својата голема општествена одговорност, ги повикуваме и другите компании и поединци да се вклучат кон овој пример, посочија од менаџментот на Mozzart Bet.

Од Mozzart информираат дека досега имаат донирано 15.000 евра на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје и 10.000 евра на Општата болница во Куманово. Најавуваат дека во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации во вкупен износ од 25.000 евра, наменети за болниците во нашата земја, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно, па токму затоа и ќе продолжи со хуманите гестови кои ќе помогнат во борбата со коронавирусот.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија