Утрински Весник
Македонија

Продолжува дезинфекцијата на јавните површини во Општина Аеродром

Продолжува дезинфекцијата на јавните површини во Општина Аеродром
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Општина Аеродром информира дека нејзините служби денеска продолжија со дезинфекција на јавните површини низ оваа локална самоупрва.

– Во текот на оваа акција беа опфатени паркот „Јане Сандански“, сите плочници и патеки во парковите и меѓу зградите, спортските игралишта во населбите Лисиче, Ново Лисиче и околу булеварот „Јане Сандански“, се вели во соопштението.

Од Општина Аеродром најавуваат дека ваквата динамика ќе продолжи и во текот на наредните денови како една од превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Општината апелира до граѓаните да покажат висока општествена свест и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери