Утрински Весник
Македонија

Побарана казна од 1 000 евра за непочитување на полицискиот час во Гевгелија​

Струмичанка осомничена дека се обидела да го отруе сопругот

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлог за изрекување казна од 1 000 евра против едно лице за нарушување на полицискиот час.

– Обвинетиот, на 26 март во 02:45 часот, за време на полицискиот час бил затекнат со автомобил кај клучката Прдејци. Со ова тој не постапил според прописите со кои се определуваат мерки за спречување и сузбивање на опасната болест Ковид-19, односно не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 10 евра во денарска противвредност.

Лицето се товари за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација