Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Предлог за притвор за двајцата насилници од Штип

Два случаи на семејно насилство во Штип
300x250 opst2

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“, информираат од Јавното обвинителство.

Осомничените во текот на јануари 2020 година, според доказите собрани од Обвинителството, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата.

– Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, соопштија од обвинителство.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и поради постоење на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени.​ оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство“ – Доктор Шаини проговори по нападот

Каранфилова-Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола

Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара