Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Вкупно 45 лица обвинети заради непочитување на здравствените прописи во Скопје​

Вкупно 45 лица обвинети заради непочитување на здравствените прописи во Скопје​
300x250 opst2

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра за вкупно 44 лица кои го нарушиле полицискиот час во Скопје и едено лице што не почитувало задолжителна самоизолација.

Еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, како мерка за спречување и ширење на заразната болест Ковид-19.

Сите останати 44 лица не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење, информираат од ОЈО.

За сите обвинети лица, јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Тие се обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам