Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Крај на фудбалското првенство во Белгија, титулата за Бриж

Крај на фудбалското првенство во Белгија, титулата за Бриж
300x250 opst2

Брисел, 2 април 2020 (МИА) – Белгија е првата европска земја во која е прогласен предвремен крај на фудбалската сезона поради пандемијата на коронавирус. Тамошната федерација донесе одлука да не се одигра последното коло од регуларниот дел, како ниту плејофот ниту плејаутот.

Во моментот на прекин на првенството, лидер на табелата беше Бриж и по тој основ, клубот е прогласен за нов белгиски шампион.
Конечната одлука, која ќе биде формалност, ќе биде донесена кон крајот на април на Генералното Собрание на фудбалската Федерација на Белгија. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај