Утрински Весник
Македонија

Владата ќе свети сино по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Владата ќе свети сино по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Светот денеска го одбележува 2 Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам, и во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања светот се бои во сино. На овој Меѓународен ден порачуваме дека различностите не поврзуваат и дека општеството можеме да го направиме за сите.

-Владата на Република Северна Македонија дава континуирана поддршка на лицата со аутизам и нивните родители и семејства, и во таа насока, на годинешниот 2-ри април се придружува на останатите земји и својата зграда ќе ја осветли во сина боја, информираат од Владата.

И покрај хуманитарната криза предизвикана од коронавирус COVID-19 со која во моментот се справува и нашата земја, Владата, како што велат оттаму, заедно со сите партнери и граѓани, преку овој симболичен гест упатува порака дека продолжува неуморно да обезбедува услови за здрава и напредна иднина за сите граѓани, како и поддршка до сите ранливи категории. сст/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника

Сиљановска-Давкова – Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност